Потврден двобојот на Канело и Ковалев за титулата во полутешка категорија

Сол Алварез (51-1-2, 34 КО) во својата 29-та година ќе се обиде да ја освои светската титула во четврта тежинска категорија во кариерата.

Актуелниот шампион во средна категорија на ВБА и ВБЦ (72-6 кг) и „редовниот“ шампион во суперсредна категорија на ВБА (76,2 кг) се подигна на 79,4килограми за да го предизвикаат шампионот на ВБО Сергеј Ковалев (34-3-1, 28 КО).

Борбата ќе се одржи на 2 ноември во МГМ во Лас Вегас.

„Ја ветивме оваа борба и ја носиме. Историските борби беа белег на оваа компанија и сме среќни што уште еднаш ги исполнивме големите очекувања. Постојат неколку боксери во историјата кои можат да се споредат со Канело Алварез. Сега ќе се обиде да ја освои титулата светски шампион во четврта тежинска категорија против еден од најопасните борци во последните години и сигурен сум дека тоа ќе го сопре“, рече директорот на промоцијата „Голден бој“, Оскар де ла Хоја.

Мексиканецот последен пат влезе во рингот во мај во Лас Вегас кога го победи Даниел Џејкобс со едногласна одлука за титулата во средна категорија.

Кон крајот на август, Ковалев го нокаутира во многу возбудлив меч во 11 рунда претходно непоразениот Британец Ентони Јард. 36-годишниот Русин е трикратен светски шампион во полутешка категорија.

https://www.youtube.com/watch?v=xNJZantvp1w
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON