Потполна руска доминација на најсилниот боречки турнир (ВИДЕО)

Минатиот викенд во рускиот Краснојарск, се одржа најмоќниот боречки турнир во светот Гран-при Иван Јаригин.

За разлика од минатите години, ова издание на турнирот помина во целосна доминација на домашните борачи.

Русите го освоија златните медали во сите 10 категории во борење слободен стил за мажи.

Сегашниот светски шампион Заурбек Сидаков направи пресврр на мечот против Турчинот Јакуп Гора и со 5-4 го освои златото во категоријата до 74 килограми.

Ова му е втора победа на Јаригин. Првата освои во 2016 година.

Откако две години по ред во категоријата до 97 килограми златото го освојуваше олимписки победник од Рио Американецот Кајл Снајдер, оваа година нан тронот се качи Шамил Мусаев кој минатата година испадна во квалификациите.

Минатогодишниот победник во категорија 97 килограми беше запрена во квалификациите.

Во финалето на категоријата до 125 килограми Анзор Хирзиев со резултат 7-3 го победи актуелниот олимписки победник и двократен светскиот шампион Таху Акгула.

Финале:

57 кг Муслим Садулаев (РУС) – Абасгаџи Магомедов (РУС)

61 кг Магомедрасул Идрисов (РУС) – Николај ОХЛОПКОВ (РОМ)

65 кг Ахмед Чакаев (РУС) – Начин КУУЛАР (РУС) 2-1

70 кг Магомедрасул ГАЗИМАГОМЕДОВ (РУС) – Мандаханран Ганзориг (МОН)

74 кг Заурбек Сидаков (РУС) – Јакуп Гор (ТУР) 5-4

79 кг Ахмет Гаџимагомедов (РУС) – Магомед Рамазанов (РУС) 6-2

86 кг Даурен Кургулев (РУС) – Фатих Ердин (ТУР) 12-1

92 кг Магомед Курбанов (РУС) – Батирбек Цакулов (РУС)

97 кг Шамил Мусаев (РУС) – Аликсандар Хуштин (БЛР) 11-9

125 кг Анзор Хизриев (РУС) – Таха Акгул (ТУР) 7-4

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО