Бадр Хари и други тројца кикбоксери паднаа на допинг тестот, и се заканува 4-годишна казна

Кик бокс легендата Бадр Хари падна на допинг тест и сега му се заканува сериозна казна. Покрај него на допинг тестот паднаа Хесди Грегес – неговиот противник,Младен Брестовац и Ариел Мачадо. Денес беше обелоденето дека во примерок со урина од минатата година по борбата со Гергес се откриени траги од забранети супстанци, како во примероците на Хари, така и во оние на неговиот противник.

Случајот се уште се истражува, но ако биде прогласен за виновен, ќе добие максимална казна од 4 години. Од Глори се без коментар, а Хари и останатите ќе имаат 2 недели за да пратат објаснување до ИСР/ISR. Претходно ИСР беа регрутирани во 2017 година од Глори, за да не дозволат употреба на забранети супстанции и сега тие тврдат дека Глори се обидуваат да го прикрие случајот и сакаат да ги прекинат односите.

Хесди одби да го коментира случајот, бидејќи тој е во Азија, според неговиот менаџер. Брестовац исјави дека добил писмо, но не зборува холандски. Хари и Мачадо се уште не го коментираа ова, но наскоро може и тоа да се случи. Во последно време Хари споделуваше многу слики и видеа од неговите тренинзи и изгледаше дека е животна форма, а ова е сериозен удар за неговата кариера. Во моментов има 34 години и ако биде казнет, ​​тоа сигурно ќе биде крај за него во боречките спортови.

https://www.instagram.com/p/BsgGXT5hySj/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО