Поротата го осуди Вор машин за напад и обид за убиство на порно актерка

Поранешниот УФЦ борец, Џон Копенхавер, е прогласен за виновен по 29 од 34 точки во случајот за напад и обид за убиство на неговата поранешна девојка, порно актерката Кристи Мек.

Одлуката ја донесе поротата на судот во Лас Вегас.

Меѓу најтешките обвиненија кои се отфрлени е онаа за обид за убиство на Мек и нејзиното тогашно момче Кори Томас.

Борецот кој го смени името во „Воена машина“ беше осуден е по повеќе точки од обвинението за сексуален напад и нанесување тешки телесни повреди.

ММА борец ги нападнал Мек и Томас во август 2014 година во нејзината куќа. Него го ослободил откако го претепал, а Мек заврши со 10 скршени коски, вклучувајќи ги скршениот нос, заби, ребра и јаболчната коска. Се здоби со повреди на црниот дроб.

Пресудата ќе му биде изречена на 5 јуни во Лас Вегас.

35-годишниот „Вор машин“ направи две борби во УФЦ во периодот меѓу 2007 и 2008 година и запиша победа и пораз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО