Осум медали за Хва ранг ИТФ од најсилниот турнир „Чешка опен 2017“ (ФОТО)

Теквондо клубот Хва ранг ИТФ Лескоец-Охрид, на Меѓународниот теквондо ИТФ турнир од  А-класа „Чешка опен 2017“ во Нимбурк освои 8 медали – 3 сребрени и 5 бронзени.

Освојувачи на медали се:

Давид Крстески (- 32 кг) сребрен медал во борби за деца до 10 години,

Божидар Димитриевиќ (+ 50 кг) сребрен, борби, деца до 14 години,

Миле Климоски (-64 кг) сребро, борби, Б-класа, сениори,

Хриситјан Деспотоски (-64 кг) бронза, борби, Б-класа, сениори,

Филип Јосифоски (- 64 кг), бронза, борби, Б-класа, сениори,

Давид Велковски 9-51 кг) бронза, борби ,јуниори,

Филип Трифуноски (+50 кг) бронза, борби, деца до 14 години,

Елена Јанеска, форми, жолт појас, девојки до 14 години.

Давид Крстески и Миле Климоски за многу малку изгубиле во финалните борби..

„Бевме скептици дека ќе освоиме медал на ваков натпревар, бидејќи нашите натпреварувачи се со многу пониски појаси. Но, отидовме по секоја цена да докажеме дека полека се качуваме на скалата на квалитетни натпеварувачи. Ова е огромен успех за нашиот клуб, затоа што имаме натпреварувачи што ветуваат дека во иднина можат да постигнат врвни резултати. Повторно нашите натпреварувачи направија да се чувствуваме горди и ја претставија нашата држава во најубаво светло“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски кој истакнува дека овае е најјак турнир во Централна Европа во пролетниот дел, а учествуваа најсилните ИТФ репрезентации.

На турнирот учествуваа над 570 натпреварувачи од Македонија, Русија, Украина, Чешка, Полска,Бугарија, Словенија, Молдавија,Естониа, Финска, Холандија, Франција, Словачка, Грција, Латвија и Полска.

„Ова беше сјајна прилика да го провериме до каде е нашиот квалитет и да видиме кој од нашите натпреварувачи може да не радува во иднина на некое Светско или Европско првенство. На овај турнир беше собран европскиот таеквондо џет сет на ИТФ, каде што ги тестираа нивните репрезентации за Европското првенство кое ќе се одржи за еден месец во Ливерпул –Велика Британија“, нагласува Лазаревски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО