Поранешниот боксерски првак доживеа бизарна несреќа подготвувајќи ручек, изгуби 80 отсто од видот

Кубанскиот боксер Гилермо Ригондо доживеа бизарна несреќа додека подготвуваше ручек. Двократниот олимписки златен медалист и поранешен шампион во две различни категории се здоби со тешки повреди, а неговата кариера е под знак прашалник.

Имено, 41-годишниот Кубанец дома во Мајами подготвувал ручек, варел црн грав во тенџере за еспресо.

Во еден момент експлодирало ескпресо тенџерето, при што му биле повредени лицето и очите. Кога пристигнал во болница, првиот преглед покажал дека изгубил 80 отсто од видот.

Неговиот менаџер Алекс Боронте се надева дека Ригондо целосно ќе закрепне и ќе ја продолжи кариерата.

Несреќниот боксер поминал неколку тестови за да се утврди тежината на повредата, познато е дека рожниците на двете очи биле тешко изгорени.

Но, постои надеж дека Ригондо ќе се опорави додека ги гледа сончевите зраци и сенки во моментот.

Гилермо Ригондо ја имаше последната борба на 26 февруари кога загуби во Дубаи од Филипинецот Винсент Астролаби.

Тоа беше втор пораз во низа и трет во неговата кариера. Првиот пораз го доживеа во декември 2017 година кога загуби од Васили Ломаченко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО