Поранешен борец на УФЦ го победи ракот од четврти стадиум за една година!

Поранешниот борец на УФЦ и кандидат за титулата во ВЕЦ, Мајк Свик, објави ажурирање за неговата дијагноза.

43-годишниот Американец имал рак во 4 стадиум, но успеал да го победи во рок од 1 година. Од денес, Свик веќе е без рак. Свик, кој се натпреваруваше во полусредна и средна категорија за време на неговата кариера во УФЦ, ги закачи ракавиците во 2015 година по поразите од Мет Браун и Алекс Гарсија.

Од неговото пензионирање Свик го задржа присуството во спортот со водење на сопствена сала во Пукет. Објектот, познат и како „АКА Тајланд“, е поврзан со седиштето на американската кикбокс академија во Калифорнија.

На почетокот на минатата година Свик откри вознемирувачки вести. ММА борецот објави дека се соочува со својата „најтешка и најагресивна борба“ откако му беше дијагностициран леукемичен лимфом во 4 стадиум – вид на рак на крвта кој започнува во коскената срцевина.

На својот профил на социјалните мрежи Свик ја покажа промената во физичката форма во текот на изминатата година и се пофали дека веќе е без рак.

„Сега имам 43 години и немам рак! Како што можете да видите од сликата, не ги чекав резултатите од тестот. Бев сигурен дека некако ќе победам во оваа борба. Може да се врати и секогаш можам да го добијам подоцна во животот.

Но, ќе бидам многу поподготвен и ќе можам секогаш да кажам дека му го шутнав задникот! Фаза 4 од најагресивната и смртоносна форма на лимфомска леукемија.

Не беше лесно да се слушне тоа, но јас бев борец уште од мал и го прифатив предизвикот. Знаев дека овој пост ќе дојде еден ден. Буквално од денот кога го направив првото селфи, едвај чекав да ја објавам оваа објава“, напиша Свик.

Свик изрази надеж дека неговата приказна ќе ги инспирира оние кои страдаат од слични околности, нудејќи поддршка на секој можен начин и заблагодарувајќи им се на оние кои го направиле истото за него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО