Ден Хукер: УСАДА ми се одмаздува затоа што кажав за Махачев

Ден Хукер тврди дека УСАДА почесто го тестира бидејќи го обвини Ислам Махачев за мамење на УФЦ 284.

Откако Махачев го победи Александар Волкановкси со одлука на судиите, Хукер го обвини Махачев дека користел интравенска инфузија за рехидратација по мерењето. УСАДА и Комисијата во Австралија не отворија истрага бидејќи немаа докази за измамата.

Хукер сега тврди дека неговите обвинувања имаат последица, што се преведува во чести посети од УСАДА.

„Последниве неколку недели, УСАДА ми тропа на врата 2-3 пати веќе во 6 часот наутро. Доаѓаат по крв и урина. Мислите ли дека тоа е случајност? Не е случајност! Ќе молчам и ќе си го гризам јазикот?

Брат, доаѓаат веќе 50 пати. Доаѓа странец и те тера да ги соблечеш панталоните и да ти погледне во пенисот. Мислиш дека ќе молчам додека другите ги прекршуваат правилата?

Нема да ја играм таа игра“, изјави Хукер за Ол стар.

Не е сигурно дека коментарите на Хукер за изневерувањето на Махачев биле причина почесто да се тестира. Хукер загуби од Ислам Махачев со завршница за 2 минути и 25 секунди во 2021 година.

Ден во последната борба прекина низа од 2 порази откако го победи Пуелес со нокаут во ноември 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО