Погледнете како Френсис Нгану вежба по операцијата на коленото

Френсис Нгану веќе сериозно започна со рехабилитација откако неодамна имаше операција на коленото.

Камерунецот го победи Сирил Гане кон крајот на јануари и ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ, а потоа, неколку недели подоцна отиде на операција.

По мечот, Нгану откри дека се повредил во спаринг меч пред борбата, а ги скршил медијалните колатерални лигаменти и ги оштетил предните вкрстени лигаменти.

Закрепнувањето ќе трае шест до девет месеци.

Иако поминаа нешто повеќе од две недели од операцијата, шампионот на УФЦ на социјалните мрежи сподели неколку видеа со фановите како вежба за што поскоро да ја санира повредата.

Камерунецот и секојдневно вежба за да се врати на арената.

Нгану откри дека нема повеќе шевови, а на видеото се гледа и борецот на УФЦ, Кејси О’Нил како го масира Камерунецот.

„Не сум доволно силен за тоа, се чувствувам како ништо да не можам да направам“, изјави Кејси О’Нил, а Френсис само додаде дека се работи одлично и остави да продолжи.

И додека трае оваа пауза, камерунскиот удирач ќе се обиде да се договори со најголемата ММА организација за продолжување на соработката.

Во новиот договор тој сака УФЦ да исполни неколку барања, а акцентот е на повисока плата и можноста за бокс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО