Погледнете ја интересната најава за боксерскиот меч меѓу Фјури и Нгану

Светскиот шампион на ВБЦ Тајсон Фјури на 28 октомври боксира во Саудиска Арабија против поранешниот борец на УФЦ, Френсис Нгану.

Тоа е првиот боксерски меч во кариерата на камерунскиот борец откако на почетокот на годината ја напушти најголемата светска ММА организација и појасот во тешка категорија.

Многумина веруваат дека Фјури ќе има лесна работа, бидејќи Нгану има скромно боксерско искуство и се потпира на својот силен удар.

Но, ќе видиме дали Френсис ќе може да се закани на еден од најдобрите тешкаши во светот на крајот на месецот на настанот во Ријад.

А како вовед во боксерскиот спектакл, објавена е нова најава за нивниот дуел:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО