Џудистите на Миоки на два турнири освоија 16 медали

Изминатиов викенд беше мошне активен и успешен за ЏК Миоко.

На 7 октомври кадетките учествуваа на Меѓународниот турнир „Милош Остоиќ” во Сараево и се закитија со 6 медали и пехар за најуспешен женски кадетски тим.

На 8 октомври помладите возрасни групи учествуваа на Меѓународниот турнир „Прилеп град херој – Цевитана куп” каде освоија 10 медали, како и пехар за најуспешна екипа кај пионерките.

Вкупно 16 медали и два пехари за Миоки во изминатиов спортски викенд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО