Погледнете го трејлерот за Хаус оф Глори: Бадр – Рико (ВИДЕО)

Кик бокс лигата Глори кон крајот на мај годинава го најави почетокот на настанот наречен „Хаус оф Глори“. Овој настан ќе биде нешто како „Ултимејт фајтер“ во УФЦ.

Глори бара спортисти кои тежат 77 килограми за да се приклучат на проектот. Победникот на настанот ќе добие шанса за титулата на организацијата во полусредна категорија. Учесниците ќе бидат поделени во две групи, чии тренери ќе бидат легендите Бадр Хари и Рико Верховен.

Ќе биде интересно да се види кој од двајцата ќе биде подобар тренер. Бадр и Рико се бореа двапати. Во првата борба Хари водеше на поени, но се здоби со повреда на раката и загуби со ТКО во 2016 година. Три години подоцна ја видовме нивната втора борба.

Бадр повторно водеше на поени и успеа да го собори Верховен. За жал, овој пат ја повреди ногата и повторно загуби со ТКО. На крајот на месецот ќе почне да се емитува „Хаус оф Глори“, што ќе ни покаже кој тим ќе победи.

Погледнете трејлер пред ТУФ верзијата на Глори:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Badr Hari (@badrhariofficial)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО