Победи на Рој Нелсон и Дејли, пораз на Хендерсон (ВИДЕО)

Рој Нелсон (23-14) се намачи во дебито за Белотор.

Во мечот со Хави Ајала кој во претходната борба го нокаутира Харитонов, 41-годишниот тешкаш по проблемите што ги имаше во борбата на нозе, се концентрира на уривање и на горна контрола и дојде до победа соедногласна одлука.

Во главната борба Берлатор 183 во Сан Хозе Патрики Фрајер (18-8) со поделена одлука го победи Бенсон Хендерсон (24-8). Поранешниот УФЦ шампион во лесна категорија е 1-3 во Белатор.

https://youtu.be/kUTyTxHNasw

Пол Дејли (40-15-2) по поразот од Рори Мек Доналд, се врати со победи, запирајќи го во втората рунда Лоренц Ларкин (18-7).

https://youtu.be/kUTyTxHNasw

Борачот Aрон Пико (1-1) во ММА дебито во јуни е поразен со сабмишн, а во вториот настап за Белатор во првата рунда го нокаутира Џастин Лин (7-4).

https://youtu.be/XHjxk8bv7ro

Белатор 183:
Патрики Фрајер – Бенсон Хендерсон (поделена одлука на судиите, 28-29, 29-28, 29-28)
Пол Дејли – Лоренц Ларкин (ТКО, Р2)
Рој Нелсон – Хави Ајала (едногласна одлука на судиите, 30-26, 29-28, 29-28)
Арон Пико – Џастин Лин (КО, Р1)
Гоити Јамаучи – Адам Пиколоти (сабмишн,давење од позади, Р1)
Тони Џонсон – Мајк Ортега (КО, Р2)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО