Муаремовски – Мацагос најдобрата борба на „Фламинго боксинг најт“ (ВИДЕО)

 

Денис Муаремовски (Македонија) и Панагиотис Мацагос (Грција) синоќа во казиното Фламинго во Гевгелија ја прикажаа најубавата и најборбената борба на „Фламинго боксинг најт“ настанот пред 3.000 гледачи. За жал, Муармовски загуби со поделена одлука на судиите 1-2 во професионалното деби.

„Жал ми е што не ве израдував со победа, но за брзо време се враќам уште посилен“, напиша Денис Муаремовски на својот ФБ профил по борбата.

Во другите две средби српските боксери Филип Станковиќ и Шериф Гурдијељац извојуваа победи. Гурдијељац го совлада поранешниот светски првак Лоренцо Пара.

Настанот беше во организација на Балканбоксинг и Про бокс Македонија, чија цел е да се лансираат македонски и боксери од регионот меѓу профеисоналвците.

„Во казиното присуствуваа околу 3.000 посетители. за нас беше најважна борбата на нашиот боксер Денис Муаремовски против Мацагос од Грција. Оваа борба беше најатрактивна на овој настан. Во четирите рунди се напѓаше од двете страни. Морам да кажам дека за Денис оваа борба беше многу значајна исто како и за нас. Иако борбата ја загуби против искусниот Мацагос, покажа голема борбеност и дека можи да направи успех во професионалните води. По овој наста најбрзо ќе размислуваме за пласман на Муаремовски на европската бокс сцена“, изјави првиот човек на Про бокс Македонија, Дарко Чатлески.

Тој истакнува дека промотерите од Балкан боксинг се задоволни од организацијата на Про бокс Македонија и потенцирале дека најдобра борба на настанот е борбата на Муаремовски. Исто така, судиската комисија на ПБМ, на чело со главните судии Ѓорѓи Чатлески и Цане Горгиевски,  како и бодовните судии Трајче Попов и Јусуф Хашими, добиаја признание за професионалното и коректното судење на овој настан.

Фламинго боксинг најт:

–63.5 кг Денис Муаремовски (Македонија)– Панагиотис Мацагос (Грција) 1-2

-79.3 кг Филип Станковиќ (СРБ) – Теодорос Боукакис (ГР) 3-0

-61.2 кг Шериф Гурдијељац (СРБ) – Лоренцо Пара (ВЕН) 3-0

https://www.facebook.com/vedut.osmani/videos/1692847617414467/

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО