По шокот во Баку: БК Вардар со свои сили ќе ја брка олимписки норми!

 Zubairov i Hamikoev zaedno vo Baku

По претрпениот шок, поради невозможноста за докажување на квалитетите во Баку, со нови желби и сили за докажување, се вели во соопштението на БК Вардар и тренерот Љубиша Пешко, и се нагласува дека повторно со свои сили вардарците ќе се подготвуваат и учествуваат на 2-3 меѓународни турнири, кои ќе претставуваат увертира пред Светското првенство за два месеца во Лас Вегас.

Од Вардар нагласуваат дека досега немале помош од никого.

pesko so zubairov i Hamikoev vo Baku

„Уште пред ЕП У-23 реков дека сме назад со тренажниот процес најмалку два месеца и заостануваме зад фаворитите. Невозможноста да ги спроведеме завршните подготовки го дадоа резултатот на Европските игри во Баку! Немаме време за чекање, по една недела востановителен процес – сериозно се враќаме на зацртаниот курс – олимписки норми за Рио 2016“, потенцира Пешко.

Предвидено е од 3 до 5 јули борачите на Вардар и репрезентативци на Македонија да учествуваат на силниот турнир „Али Алиев – Касписк“ (Дагестан), веднаш потоа заминуваат на висински подготовки во Кисловодск.

„Итно мора да ја подобриме општата физичка издржливост и силата. Имаме многу сериозни противници, воопшто нема да биде лесно, но ќе се потрудиме да им ги одземеме планираните пласмани на велесилите“, категоричен е Пешко.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО