10 години од првиот сениорски медал: Тамара, Симона и Ивана повторно во една екипа! (ФОТО)

kata tim tenerife 2005 piedestal

Вчера, екипата што го освои првиот сениорски медал за Македонија во 2005 година на Европското првенство во Тенерифе, Шпанија, го одбележа овој успех што ќе остане запишан со златни букви во нашата спортска историја.

Kata tim Tnereife 2005

По повод 10 години од освојувањето на бронзениот медал (единствен до сега) во кати екипно во сениорска конкуренција на 40-тото Европско првенство во Тенерифе, Тамара Рибарска, Симона Трајкоска и Ивана Димитрова повторно застанаа на татамито, под водство на нивниот тренер и селектор, шихан Живко Тасевски, носител на мајсторски појас 8 дан.

 kata tim tenerife 2005 ekipata

„Општиот впечаток по тренингот беше дека екипата функционира како никогаш да не престанала да вежба. И не само тоа, во екипата се уште владее карактеристичниот позитивен дух.

 kata tim 10 godini potoa

Се надеаме дека во иднина нашиот успех ќе се повтори. Секако, не смее да се заборави дека ова е екипата која го донесе првиот медал од официјално европско сениорско првенство“!, изјави Тасевски видно задоволен од тренингот, нагласувајќи дека му е драго што направил една екипа која и по петнаесет години функционира и во сала и надвор од неа.

 kata tim 10 god potoa 2

kata tim 10 pivo

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО