По шампионската титула на Пелистер: Битола е подготвена за голем настан, битолчани се желни за добар бокс и има публика како на нитуе едно друго место во Македонија!

Пелистер 2007 стана шампион во Првата бокс лига на Македонија пред екипите на Универзлаци и Тернипе. На почетокот можеби битолчани не ги вбројуваа во фаворитите за тиулта. Сепак, по многу години титулата пак е во еден од најбоксерските градови во Македонија.

За шампионската титула се изборија Александар Најдовски-Сканта, Јове Петровски, Денис Муаремовски и Никола Бубевски во сениорска категорија.

Мора да се истакне дека и во Младинската лига боксерите на Пелистер имаа добар настап: Орхан Шакировски-Пантер, Рамон Ќазимов, Симар Исмаиловски, Петар Марковски и Едисон Мемедов.

Клубот го водеа тренерите Златко Мурџевски, Александар Димовски- Димса и Дејан Џиниќ.

Еден од двигателите на боксот во Битола е Александар Димовски – Димса кој се грижи се да функционира во клубот како што треба, бидејќи и тој е се уште активен спортист и е голем мотиватор.

Дали пред почетокот на Првата лига се надевавте дека ќе ја освоите титулата шампиони на Македонија?

-По регистрирањето на клубот и боксерите, го активиравме БК Пелистер и атакувавме на првото место во сениорса конкуренција. Очекувањата беа големи, а боксерите ги исполнија.

Што значи оваа титула за Пелистер и за Битола?

-Оваа титула многу значи за клубот и за боксерите, како и за сите битолчани влубеници во спортот.

Дали сега може да очекуваме да се подобрат условите за работа и да очекуваме боксери кои ќе значат нешто и на меѓународната сцена?

-Клубот работи со полна пареа со нови таленти и екстра сили за наредната сезона, во која повторно ќе атакуваме на врвот.

Дали Битола може да биде центар на боксот и организатор на некоја голема манифестација како што беше Европското првенство во 1997 година?

-Битола е секогаш подготвена за организација на голем настан, а битолчани се желни за добар бокс. Публика каква што нема на нитуе едно друго место во Македонија.


Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО