Планот на Вајт пропадна: Тексас не го сака домаќинството на настанот Миочиќ-Нгану

Стипе Миочиќ наскоро ќе ја брани титулата во тешка категорија на УФЦ против Френсис Нгану. Нивната борба ќе го предводи настанот УФЦ 260 што ќе се одржи на 27 март во Лас Вегас. Но, претседателот на најсилната ММА организација неодамна откри дека сака настанот да го премести во Тексас, откако гувернерот на таа американска држава објави олеснување на епидемиолошките мерки и можност за враќање на гледачите на спортски натпревари. Но, планот не успеа.

„Разговарав со гувернерот и тој ми рече дека сака да отвори сè. Сакавме да организираме претстава пред публика. Но, со градоначалниците е друга работа. Немаме среќа“, рече Дана Вајт и додаде:

„Тексас за жал не е отворен и не можеме да одиме во Далас. Лут сум. Уште денес ќе го преместев настанот каде што би имало публика, но тие не го сакаат тоа. Остануваме во АПЕКС во Лас Вегас.

Шефот на УФЦ разговараше со градоначалниците и сопствениците на сали во Тексас, но никој не можеше ништо да му гарантира.

Така, реваншот меѓу Миочиќ и Нагану за титулата на УФЦ ќе се одржи во центарот АПЕКС во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО