Мила Рељиќ ја извојува првата сениорска победа на силниот Г-1 турнир „Турција опен“

Младата натпреваручка на Таеквондо клубот Тигри-Скопје, Мила Рељиќ, имаше успешно сениорско деби на силниот Меѓународен турнир од Г1 серијата „Турција опен“, остварувајќи ја првата победа на интернацоналната сцена како сениорка.

Мила Рељиќ има 17 години, но во оваа календарска година се бори во сениорска конкуренција.

„Рељиќ (-62 кг) ја забележа дебитанстка сениорска победа и тоа против домашната натпреварувачка со 19-15 (првите два инсерти од видеото во прилог). Во следното коло Мила се бореше против првата носителка на овој турнир, искусната 24-годишна Шпанка Марта Гомез, која е поранешна светска и европска вицешампионка и моментално на високата четврта позиција на светската ранг- листа. Мила храбро и пркосаше до последна секунди во сите рунди, загуби со 10-6. (3 и 4 инсерт од видеото). Ова е одличен старт на сениорските натпревари за Мила“ вели нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

Мила влегува без ранкинг на овие турнири организирани од Европската таеквондо федерација кои се бодуваат за светската и олимписката ранг-листа, затоа уште во првите кола се паѓа со најдобрите од нејзината категорија, како што беше и викендов во Софија каде во првото коло се бореше со одличната Серџа Стевиќ од Србија.

На турнирот во Истанбул учествуваа околу 1500 натпреварувачи од над 50 земји.

Овие два турнири се првите Европски Г1 турнири организирани после едногодишна пауза поради корона-кризата.

„Со Мила напорно тренираме, желбата и талентот се огомни, се надеваме на успешни резултати во иднина. За помалку од еден месец не чека Европско сениорско првенство“, истакнува Ефтимов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО