Петар Јан за Стерлинг: Ќе го разнесам тоа куче

Привремениот шампион на УФЦ во петел категорија, Патар Јан, веќе нема трпение да ја дочека втората борба со Алџамејн Стерлинг. Двајцата шампиони ќе обединат титулите на УФЦ 273 на 9 април во Флорида.

Нивната прва борба беше пред една година во Лас Вегас. Тогаш Јан водеше убедливо, но во 4.рунда зададе недозволен удар и ја загуби титулата по дисквалификацијата. Нивното непријателство тлее веќе една година и спектаклот е загарантиран.

На социјалните мрежи Стерлинг го потсети Јан дека загубил на нивната прва средба. Ова го испровоцира Петар да му одговори и да му се закани дека ќе го здроби.

„Барем јас не го изгубив моето достоинство како тебе. Можам да замислам дека повторно ќе плачеш по нашата следна битка. Ќе те разнесам, куче. Со нетрпение очекувам да те почестам во кафезот”, напиша Јан како одговор на Стерлинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО