Питер Фјури: Реваншот е поважен за Кличко отколку за нас

Klicko so povredena arkada

Питер Фјури, чичко и тренер на светскиот шампион во супер тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО, Тајсон Фјури, е уверен дека Украинецот Владимир Кличко ќе биде доста мотивиран во реваншот против неговиот внук.

„Владимир се уште има огромна желба да победи. Тој е совршен професионалец кој сака да најде место во „Куќата на славните“ како голем борец, заработувајќи ги три пати светските титули. Во таа смисла, за него реваншот е поважен отколку за нас“, вели Питер Фјури.

Како што е познато, реваншот меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко ќе се одржи на 9 јули во Манчестер, Велика Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО