Омер Адиловски од БК Скопје стана шампион на Франција (ФОТО)

Omer Adilovski sampion na Francija na piedestal

Омер Адиловски, 18 години, член на БК Скопје, стана шампион на Франција во грчко-римски стил.

Omer Adilovski na piedestal 2

„Би сакал само да кажам дека тој има само 18 години, а учествуваче  на првенството во  грчко-римски стил, иако тренира слободен стил. Имаше желба да се бори на Државното првенство и ги изненади, затоа што има големи желби  во борењето. Имаше четири победи, а најдобрата му беше во финалето, во кое што во последните секунди со атрактивен зафват успеа да му земе 4 поени на противникот и стана шампион“, вели неговиот тренер во УС Метро, Хамди Адили, при што порача:

Omer Adilovski so bratucetka mu

„Инаку, како негов тренер и чичко, ќе се трудам да направам добар резултат и во слободен стил, каде што ќе настапи и неговиот брат Ресул во категоријата до  55 кг. И двајцата ќе се борат на Светското првенство за јуниори  кое ќе се одржи во Франција на крајот на август“.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО