Избркан џудо тренерот во Бугарија кој блудничел со своите натпреварувачки

Simeon cenev

Џудо тренерот Симеон Ценев, кој на почетокот на февруари беше обвинет за малтретирање од негови натпреварувачки, е отпуштен од спортското училиште на ЦСКА, јавија медиумите во соседна Бугарија. Инаку оваа афера со блудниечење на девојќите трае неколку месеци.

Сега, жртвите раскажале дека Ценев ги соблекувал и пипкал. Една од девојките тврди дека е силувана. Поранешна џудистка призна дека Ценев блудничел со неа уште пред 20 години. Од Федерацијата знаеле за сите случаи, но ги затворале очите.

Гласините од пред 20 години може да се обистинат, бидејќи само за еден месец шест девојчиња дале повеќе индикации. Претседателот на спортскиот  џудо клуб, Николај Цветанов, тврди дека од тимот „Здраво, Бугарија“ слушнал дека тренерот го привлекуваат мали девојчиња. Затоа дури сега го избркал.

„Јавно, јас сум еден од ретките кои не го познаваат во вакво светло. За мене беше големо изненадување, дури бев шокиран“, рече тој.

Татко на едно девојките е категоричен дека Симеон Ценев го прикривале, откако толку години правел злодела.

„Не можам да кажам кој, но откако толку многу луѓе знаеле за гласините, очигледно е дека тој на некој начин бил заштитуван“, рече тој.

Симеон Ценев веќе нема право да влегува во салата, но продолжил да врши притисок врз девојќите, тврдат нивните родители. Ученичките се уште не можат да го надминат она што се случило, а некои од нив дури и одбивале да одат на училиште.

Материјалите во истрагата треба да бидат собрани до средината на мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО