Пинк Пантер гостува на Сесвете и се надева на добра претстава

Во 10.коло на Регионлната боксерска лига Пинк Пантер во сабота ќе се сретне со фаворизираната екипа на Сесвете од Загреб.

Во првата средба во Штип Пантерите воопшто не разочараа и покрај поразот од 4-12, покрај победите на Гоце Јанески и Денис Муаремовски, добри борби прикажаа Александар Ристовски, Дејан Ристевски, Марко Доциќ, а штипјани беа на прагот на големо изненадување.

Дали нешто слично би можело да се повтори и во Загреб, бидејќи Пинк Пантер патува во полн состав.

„Па не мислам дека Ќе биде нешто посебен спектакл кога веќе боксираме против европскиот шампион Сесвете. За нас е најбитно да избоксираме машки и до крај. Искуството што го добиват боксерите, а и ние самите како боксерски работници околу екипата е непроценливо“, вели претседателот на Пинк Пантер Илија Младеновски, додавјќи дека моментално тоа е нивниот најголем бенефит од Лигата, посебно натпреварувањето со екипи од рангот на Сесвете, Радник, Лозница…

„Се надеваме, а и сме сигурни дека борбите ќе бидат фер и воопшто не се сомневаме во гостопримството на оваа елитна екипа, имајќи во предвид какви луѓе ја водат целата приказна на Сесвете! Тоа е жив пример за боксерски клуб и пример како треба сите да се стремиме да бидеме. Симбол за квалитетни спортисти и спортски работници кои изградиле веќе една завидна слика за врвна боксерска екипа“, истакнува Младеновски.

Неговата екипа во Загреб ќе патува со засилувањето Стефан Ѓокиќ од Лесковац, а во составот се враќаат Денис Муаремовски, Дејан Ристевски, Јсин Мифтар и Димитар Ташков.

Пинк Пантер ќе настапи во овој состав:

-56 кг Алмир Нуришов
-60 кг Јасин Мифтар
-64 кг Денис Муаремовски
-69 кг Стефан Џокиќ
-75 кг Гоце Јанески
-81 кг Дејан Ристески
-91 кг Марко Доциќ
+91 кг Димитар Ташков.

Екипата ќе ја води Ристе Грбев, а со него ќе патуваат и тренерите Оливер Станков и Бартислав Пешиќ.

10.коло
Сесвете – Пинк Пантер сабота 19 часот
Лозница –Лазаревац
Радник е слободен

Табела
Лозница 10
Радник 10 
Сесвете 9 
Спартак 6 
Лазаревац/Металац 5 
Пинк Пантер 4 
Салвија 2

(Ја немаме ревидираната табела по исклучувањето од РБЛ на Славија и Спартак)

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО