Петровец најуспешен на „Феникс опен“!

Feniks devojki vo akcija

На првиот меѓународен „Феникс опен“ во таеквондо, што денес се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ТК Петровец од Петровец е најуспешниот клуб на турнирот со вкупно освоени 20 медали (12 златни – 5 сребрени – 3 бронзени) во сите конкуренции, од деца до сениори.

Tabela od feniks

Втор е Феникс кик со 18 медали (5 – 9 – 4), а Монтенегро старс од Будва трет со 9 медали (6 – 1- 2).

Еве некои од натпреварувачите од Македонија  освоија први места: Ива Сандева, Анастасија Митровска, Илинка Ангеловска, Александар Симеоновски, Дамјан Јаневски итн.

На турнирот настапија 175 натпреварувачи од 28 клуба од 8 земји-Македонија, Црна Гора, Србија, Косово, Грција, Словенија, Бугарија и Босна и Херцеговина.

Feniks open decki so medali

Организаторот на турнирот, Александар Велјановски – ТК Хелиус од Скопје, истакнува дека организацијата била на врвно ниво, како и судењето, бидејќи биле ангфажирани најдобрите судии од регионот. Според него, прикажани се квалитетни борби.

Feniks open pticja

Тој изрази жалење што екипа од Србија поради технички причини на границата не допатува на турнирот, како и екипата од Хрватска, која беше спречена да дојде поради здравствената состојба на тренерот и неколку натпреварувачи (ги фатил грипот).

Сите резултати од „Феникс опен“ http://taekwondo.com.hr/Tournament/1st-feniks-open/Results/113?dg=120

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО