Петросјан со нокаут ја одбрани титулата на ИСКА (ВИДЕО)

Џорџо Петросјан на настанот „Петросијан манија“ во Монца за прв пат ја бранеше титулата на ИСКА во К-1 во супервелтер категорија.

33-годишната италијанска легенда во првата рунда го нокаутира Јапонецот Ацуши Тамефуса.

„Докторот“ прво го уриваше Јапонецот со лево кроше, а кога Тамефуса успеа да одговори на броењето не му дозволи да се опорави и брзо го заврши мечот.

Петросјан го освоил појасот на ИСКА на истиот настан во 2017 година против поранешниот шампион на Шоутајм Крис Нгимби.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО