Кро Кап по победата над Нелсон: Оваа борба психички ми беше потешка од физички!

Мирко Филиповиќ никогаш не загубил во реваншот. Таа традиција хрватската легенда ја продолжи и минатата ноќ на Белатор 216 со победата над Рој Нелсон.

Во своето деби за Белатор MMA Кро Кап ги одработи сите три рунди со Нелсон и на крајот со едногласна одлука ја донесе победата на картичките на сите тројца судии покрај кафезот.

44-годишниот ветеран на УФЦ и Прајд изгледаше добро и немаше големи проблеми за време на мечот, но по борбата призна дека неговиот влез во кафезот против борец кој веќе го поразилт бил предизвик прветежно од менталната страна.

„Рој е цврст како и секогаш“, изјави Филиповиќ за ММА Фајтинг и додаде:„На мене психички ми беше потешко од физички. Секогаш е тешко да влезеш во реванш кога сте ја изгубиле во првата битка“.

Кро Кап така се одмазди за поразот од 2011 година на УФЦ 137 и ја забележа 38-та победа во ММА, воедно десета по ред.

https://www.instagram.com/p/Bt-DIFwgLpj/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО