Петросјан-Џонсеј на Глори 25 во Италија

petrosjan plakat za glori

Гиоргио Петросјан го прави долго очекуваното враќање на GLORY 25.

Негов противник ќе биде Џош Џонсеј. Младиот Канаѓанец брзо напредуваше во лесна категорија и ќе се бори со „Д Доктор“ на 6 ноември во Италија.

„Тоа е дуел кој треба да се гледа“, рече управителот на Глори, Џон Френклин. „Џонсеј за многу кратко време стана миленик на навивачите, секој пат правејќи неверојатно шоу кога ќе излезе на рингот на Глори.

Петросјан во моментов е петти во листите и доаѓа по долга пауза. Дали ќе биде на исто ниво? За ова време Џонсеј ја разби конкуренцијата. Дали е премногу рано да си правиме заклучоци за него, бидејќи едвај да има 22 години? Тоа се прашања на кои одговорот ќе го добиете во ноември“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО