Добро расположениот Федор спарингуваше со Бејби Федор (ВИДЕО)

Fedor sparing-crop

Федор се подготвува за враќање на ММА борбите што ќе се случи на последниот ден од годината во Јапонија, а зачестија видеата од неговите подготовки.

Познато е дека Федор Емилијаненко ќе се врати кон крајот на 2015 година во Јапонија, каде што создаде имиџ на најголем ММА борец, но се уште не се знае името на неговиот противник.

Во последното објавено видео е прикажан неговиот спаринг со Кирил Сиделников, наречен „Бејби Федор“. Сиделников во мај го освои златниот медал во самбо на Европското првенство во Загреб.

Дека е Федор добро расположен може да се уверите од следното видео.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО