Петар Арсовски и Марија Мацеска добро избоксираа во Украина, но се поразени

Петар Арсовски (38,5 кг) и Марија Мацеска (48 кг) ги завршија настапите на силниот Меѓународен турнир во „А. Климанов“ во Харков, Украина, како дел од завршните подготовки за Европското првенство за ученици во Тбилиси, Грузија, во август.

„Достојно избоксуваа нашите најмлади претставници на силниот меѓународен турнир на ЕУБЦ од А категорија. Петар Арсовски е поразен од шампионот на Украина. Во текот на целиот меч Петар боксираше стабилно. Психицки и физички беше подготвен за овој предизвик, благодарение на стажот и бројот на мечевите што ги иманаправено.Имавме исклучително силен противник. За да победиме Украинци ни фалат уште 10-20 отсто работа. Овие деца боксираа на топ ниво. Нема неискусни, сите имаат преку 40-50 меча и се одлично школувани и се на висината на задачата“, вели тренерот Александар Арсовски.

И Марија Мацеска вчера изгуби од Украинка, покажувајќи се во одлично издание, со голема самоуверенист и решителност за победа.

„Сите не изненади, пизитивно. Со оглед на тоа дека таа нема мечеви, избоксира фантастично“, истакнува Аросвски.

Денес и утре нашите бопксери ќе имаат спаринг мечеви со Украинка, односно Русин.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО