Петар Арсовски го освои златниот медал Државното првенство во Бугарија

Петар Арсовски во категорија до 57кг го освои златниот медал на Државното поединечно првенство во соседна Бугарија.

Државното првенство за младинци во бокс се одржа во градот Јамбол, при што учество земаа преку 210 боксери од 45 клубови од Бугарија.

Арсовски настапува за Локомотив од Софија, каде и што учи.

„Во категорија до 57 кг имаше девет младинци. Популарниот Пепка како што го нарекуваат кај соседот стартуваше од четвртфинале убедливо со прекин уште во првата рунда против Андреев Константин од БК Манија

Во полуфиналето извојува убедителна победа со 3-0 против стариот лозник од БК Русе Џан Брсиев. За финалниот меч знаевме дека не треба да оставиме да оди во рацете на судиите, припремивме стратегија како да го неутрализираме во целост противникот кој доаѓа од Турција и настапува за БК Хасково Искендер Бер“, рече неговиот татко и тренер Александар Арсовски и додаде:

„Петар влезе внимателно во финалето и мало невнимание на противникот Пепка го искористи за прво броње при крајот на првата рунда. Веќе на стартот од втората рунда Пепка влезе со 100% и на второто броење судијата го прекина мечот во корист на Петар“.

Победничката низа за Пепка продолжи, бидејќи на само два дена пред првенството на Бугарија настапи и на Меѓународниот меморијален турнир ,,Мирослав Петровиќ” во Куманово каде што се заќити со златен медал и пехар за најперспективен млад боксер.

Резултати
Петар Арсовски – Константин Андреев (Манија) 3-0 ТКО Р1
Петар Арсовски – Џан Басриев (Русе) 3-0
Финале
Петар Арсовски – Берен Искендер (Хасково) 3-0 ТКО Р2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО