Петар Арсовски го освои сребрениот медал на Државното првенство на Бугарија (ФОТО)

Петар Арсовски (52 кг) го освои сребрениот медал на Државното првенство на Бугарија.

Популаринот Маке (Македонецот), како што го нарекуваат во Бугарија, достојно се претстави себеси и клубот од Локомотив од Софија на овој шампионат, при што доби три од четири борби.

Во изедначен и машки меч Петар во финалето е поразен од Георги Марков од Омуртак.

Петар не успеа да избоксува на нивото од претходните мечеви, вели Александар Арсовски и додава дека првата рунда ја добил кај сите судии, поведувајќи комотно во мечот.

„Меѓутоа, 2 и 3 рунда ги ис испушти за малку. Судиите дадоа 3× 29-28 во корист на противникот Марков Георги од Омуртак. Финалето се боксира на 100 отсто, немаш простор за грешка“, истакнува Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО