Миочиќ подготвен за бокс пресметка со Фјури, Џошуа или Вајлдер

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Стипе Миочиќ сè уште сонува за деби во боксот. 38-годишниот ветеран со години навестуваше борби во боксот, но никогаш не го направи тоа. Секако, тој е под договор со УФЦ и ќе му треба благослов за да дебитира.

Стипе ја загуби титулата пред неколку месеци откако Френсис Нгану го нокаутира. Тешко дека ќе има голем интерес за Стипе во боксот во моментов кога веќе не е шампион на УФЦ. Сепак, верува дека е подготвен и сака да биде тестиран.

Стипе е подготвен од почеток да се фрли во борба со големите имиња во боксерскиот ринг.

„Да, дефинитивно имам интерес за бокс. Ќе биде нешто поразлично и возбудливо. Тоа ќе биде нов предизвик.

Дефинитивно сум подготвен да одам во бокс и да пробам. Секако, подготвен сум да се борам со Тајсон Фјури, Ентони Џошуа, па дури и со Дионтеј Вајлдер“, рече Миочиќ за боксот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО