Пелистер и Баргала на едно коло пред крајот ги освоија шампионските титули (ФОТО)

Пелистер и Баргала ги освоија шампионските титули во Првата и Младинската бокс лига пред одржувањето на последното коло што ќе се одржи во Штип на 3 ноември.

Пелистер се зацврсти на првата позиција во Првата бокс лига по одржувањето на 7.коло во Велес овој викенд и има 11 (47) бода предност пред второпласираната екипа на Универзалци (36) која влезе во добар финиш, но тоа е доцна за титулата. На третата позиција е Тернипе со 32 бода. Баргала веќе ја освои шампионската титула во Младинската лига, затоа што направи недостижна разлика од 20 бода.

Баргала води со 84 бода пред Ас со 64, па следат Пинк пантер 46, Шкупи 38, Пелистер 35 итн.

Бобата меѓу Даниел Абаз (Тернипе) и Филип Наковски (Куманово 84) во категоријата до 81 килограм беше за титулата државен првак. Наковски стана државен шампион за 2018 година откако со прекин во третата рунда го совлада Абаз.

 
7.коло Прва лига
-56 кг Џан Демиров (Баргала) – Јове Петровски (Пелистер1-2
-60 кг Кутјим Аслани (Фајтер илери) – Никола Арсовски (Куманово 84) 0-2 (б.б.) 
-69 кг Арменд Сулејмани (Шкеднија но лимит) – Гоце Јанески (Аперкат) 0-2 (б.б.)
-75 кг  Здрвако Богданоски (Универзалци) – Октај Фератов (Борец) 0-2 (прекин, Р1)
-81 кг Даниел Абаз (Терниепе) – Филип Наковски (Куманово 84) 0-2 (прекин, Р3)
-81 кг Цветко Митревски (Шкупи) – Никола Бубевски (Пелистер) 2-1
 81 кг Никола Арсов (Пинк пантерБојан Јаноски (Универзалци) 1-2                             
+91 кг Филип Зивосовски (Универзалци) – Серхан Џаферосвки (Ас) 2-0 (прекин, Р2)

Најмногу бодови во ова коло собра екипата на Универзалци 13, па Куманово 8, Пелистер 7, Тернипе, Шкупи, Аперкат и Борец по 4, Пинк пантер, Ас, Фајтер илери и Шкендија но лимит по 2 и Алкесо Огненовски 1.

7.коло Младинска лига
Кадети
-57 кг Дамјан Талимче (Ас) – Ѓоше Ѓошев (Пинк пантер) 0-3
60 кг Филип Момировски (А. Огненовски) – Благојче Мицевски (Баргала) 0-2 (прекин, Р1)
-66 кг Трајче Илиоски (Ас) – Алпај Демиров (Баргала) 0-3 
Јуниори
-60 кг Кристијан Антески (Фајтер илери) – Оран Шакировски (Пелистер) 0-2 (прекин, Р1)
-64 кг Сезер Алили (Шкендија но лимит) – Имет Зулали (Алексо Огненовски) 2-0 
-69 кг Риад Ајдини (Куманово 84) – Сами Абази (Фајтер илери) 2-0 (б.б.)

Баргала освои 8 бода во 7.коло, Пинк пантер 5, Ас, Шкупи, Куманово 84, Алексо Огненовски, Пелистер, фајтер Илери и Шкендија но лимит по 4 и Борец 1.

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО