Вајт: Ќе има борба на Хабиб – Мејведер само по правилата на ММА

Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, пак се огласи во американските медиуми после гласините дека би можела да биде закажана борба помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Флојд Мејведер, но сега со променет став.

Нурмагомедов пред неколку недели во Лас Вегас го победи Мек Грегор и така го одбрани појасот во лесна категорија. По ова Хабиб јавно го предизвика непоразениот боксерски шампион Флојд Мејведер кој веднаш го прифати предизвикот. Сега пртеседателот на УФЦ порача дека борбата може да се одржи, но според негови правила.

„Доколку Мејведер сака да се бори со Хабиб за мене тоа не е проблем. Единствениот услов е тоа да го направат во рамките на УФЦ и по наши правила. Не сакам да имаат бокс меч, бидејќи тоа еднаш го направи со Мек Грегор“, изјави Вајт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО