Пејџ ван Зант добро се поти пред дебитантската борба во БКФЦ (ВИДЕО)

Поранешната натпреварувачка во сламка категорија во УФЦ, Пејџ ван Зант напорно тренира пред нејзината деби-борба за БКФЦ. Првата борба со голи раце ќе ја има на 5 февруари на БКФЦ 16, што ќе се одржи во Флорида. Битката ќе биде прва од нејзиниот договор за 4 борби.

26-годишниот Американка ќе се бори против Брит Харт, кој веќе има искуство во борба со голи раце. Ван Зант има скор 8-5 во ММА и победи само во 1 од последните 4 борби. Таа загуби од Аманда Рибас минатата година, а договорот со УФЦ и истече.

Во последните неколку години, Пејџ имаше многу проблеми со раката што ја скрши и ја оперираше неколку пати. Таа нема пораз со нокаут во кариерата, а ги нокаутира само две ривалки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО