Џастин Гејџи: Се радувам што го нокаутираа лајното Мек Грегор

Џастин Гејџи е среќен заради поразот на Конор Мек Грегор.

Големата ѕвезда на УФЦ имаше реванш со Дастин Порие и ветуваше нокаут за 60 секунди. Сепак, тоа не се случи, а „Озлогласениот“ беше нокаутиран во втората рунда од Пориер.

Гејџи не е голем фан на Мек Грегор, кој не сакаше да се бори против него минатата година. Мек Грегор неколку пати го критикуваше Гејџи, но овој пат Џастин реши да му врати.

Во интервју за ЕСПН, Гејџи рече дека не сочувствува со Мек Грегор и дека е среќен што е нокаутиран. Поранешниот привремен шампион тврди дека Мек Грегор се преправа дека е скромен, но не бил таков.

„Мек Грегор и неговиот тренер се идиоти, затоа што рекоа дека ја сакаат титулата откако ќе го совладаат Пориер. Тој не престана да добива посебен третман, но не ја искористи оваа шанса. Оваа гала вечер беше за него. Конор сакаше да биде скромен, но би се однесувал како шупак ако победи.

Не ми пречи. Мило ми е што Пориер си ја заврши работата и го нокаутира. Нема нешто што ме радува повеќе отколку да му ја затворат големата уста. Да видам како го нокаутираат тоа лајно беше одлично и навистина ми се допадна.

Не е убаво да се потсмеваш на борец кој изгубил, но Мек Грегор го правел тоа многу пати и сега си доби лек“, рече Гејџи за поранешниот двоен шампион од Ирска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО