Педи Пимблет верува дека Чарлс Оливеира ќе го победи Ислам Махачев во првите три рунди

Англискиот ММА борец Педи Пимблет извојува три убедливи победи во неговите три настапи во УФЦ.

Поранешниот шампион на Кејџ вориорс се надева дека еден ден ќе добие шанса да се бори за титулата во лесна категорија во најголемата светска ММА организација.

Чарлс Оливеира ќе се обиде да си го врати шампионскиот појас на 22 октомври на настанот УФЦ 280 во Абу Даби против Ислам Махачев.

Бади верува дека Бразилецот ќе го победи дагестанскиот борец.

„Оливеира е сериозен противник и тоа е едноставно премногу за Махачев. Верувам дека Чарлс ќе го победи во првите три рунди“, истакна Педи Пимблт и заклучи:

„Досега се бореше само против искусни и многу поопасни борци, а во својот арсенал има премногу оружје. На Ислам ќе му биде многу тешко кога ќе влезе во октагонот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО