Павлов вели патот до бронзата бил тежок, Белситојаноски жали што не освоивме уште два медала

ams-monpelje

„Патот до оваа бронза беше навистина тежок, бидејќи конкуренцијата во мојата категорија е многу голема. До медалот стигнав со пет борби, во кои остварив четири победи и еден пораз. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми дадоа подршка и ми помогнаа да го остварам овој успех. Се надевам дека ќе освојам медал и на Светското првенство во октомври оваа година“, изјави носителот на бронзениот медал од Европското превнство во карате, Емил Павлов, на денешната прес-конфернција. Ова на павлов е втор медал, пред две години беше и шампион на Европа.

Македонската карате репрезентација настапи со 16 каратисти на ЕП во Монпелје, Франција, и го освои 11-тиот медал во независна Македонија на ЕП.

Покрај Павлов, шнаса за медал имаа и Наташа Стефановска во борби и Пуликсенија Јованоска во кати поединечно.

ams-priem-monpelje

Селекторот Петар Белистојаноски е задоволен од успехот, истакнувајќи дека Македонија можеше да дојде барем до уште два медали.

„Како што ветивме еве и остваривме се вративме со медал. Знаевме дека ќе биде многу тешко, поради силната конкуренција. Можеби немавме и малку среќа да оствариме и многу подобри резултати, односно да се вратиме со уште некој медал. Се надевам дека на Светското првенство ќе бидат повеќе“, истакна Белистојаноски.

Од Агенцијата за млади и спорт истакнаа дека поради големите успеси на каратето, државата и натаму ќе продолжи да го помага, како финансиски така и логистички. Со успехот овој Павлов ја продолжи својата стипендија на уште четири години како спортист од светска категорија и ќе добива финансиски надомест од две просечни плати. Наташа Стефановска пак ја добива стипендијата од меѓународна категорија и таа во следните две години месечно ќе добива по 1,3 просечни плати.

Ipon.mk/В. Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО