Пауло Коста има скршеница на раката по борбата со Рокхолд

Пауло Коста се надеваше дека ќе се врати во октагонот до крајот на годината, но неговиот распоред може да се промени.

Борецот на УФЦ во средна категорија го победи Лук Рокхолд со едногласна одлука во „борбата на вечерта“ на УФЦ 278 минатиот викенд во Јута. За време на оваа 15-минутна борба Коста ја скрши десната рака на која неодамна беше опериран.

Бразилецот на својот официјален канал на Јутјуб изјави дека операцијата била успешна и неговиот распоред за опоравување ќе биде околу осум недели пред да може да продолжи со тренинзите.

„Во борбата ја скршив раката. Мислев дека имам повреда на коската или можеби лигаменти, но она што навистина се случи беше фрактура на метакарпалниот дел.

Се надевав дека не е скршеница, бидејќи тогаш ќе можам повторно да се борам за 50 или 60 дена. Планирав да се борам за 60 дена, но тоа нема да биде можно. Ќе треба да се борам во декември или јануари.

Имаме UFC настан во Рио во јануари 2023 година, па можеби тоа ќе се случи таму. Тоа зависи од УФЦ“, рече Коста.

Коста има уште една борба од актуелниот договор со УФЦ и навести дека ќе го заврши пред домашна публика. Тој не планира да го обнови договорот, туку сака да стане слободен агент и да разгледа понуди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО