Паркер пристигна да му помогне на Фјури за реваншот со Вајлдер

Tајсон Фјури (29-0-1, 20 КО) собира екипа за реваншот со Дионтеј Вајлдер на 22 февруари во Лас Вегас.

Откако во првата борба во декември 2018 година му беше скратена можноста повторно да стане светски шампион во тешка категорија, „Кралот на Циганите“ за повтормиот подем на тронот тренира со новиот тренер Шугар Хил Стјуард.

Во тренинг кампот во Лас Вегас на помош му пристигна уште еден поранешен шампион во тешка категорија.

Џозеф Паркер (26-2, 20 КО) и Фјури веќе подолго време се во многу добри односи, а заедно тренираа и во 2019 година.

Поранешниот шампион на ВБО, кој и самиот е во подготовки, испарира неколку рунди со 31-годишниот Британец.

Паркер се враќа на рингот на 29 февруари на настанот што го предводат велтерашите Мајки Гарсија и Џеси Варгас.

Името на противникот сè уште не е објавено бидејќи Паркер го чека исходот од ситуацијата околу појасот на ВБО. Но, се чини дека засега Ентони Џошуа успеа да договори со задолжителниот предизвикувач Александр Усик и дека федерацијата нема да му го одземе појасот. Ако титулата стане испразнета, за неа би требало да се борат Паркер и Усик.

Фјури минатиот викенд  во Лас Вегас го гледаше во живо враќањето на Конор Мек Грегор. Се надева дека по реваншот со Вајлдер, ќе добие шанса да седне со претседателот на УФЦ, Дана Вајт и да види какви се можностите за неговото доаѓање во УФЦ. Веќе претходно уапти предизвик до шампионот во тешка категорија Стипе Миочиќ.

„Не сакам ММА борба, да се валам по подот и сето тоа, не. Но, јас би сакал да се борам со еден од нивните шампиони со мали ракавици. Можеби во кафез, но по боксерските правила. Мислам дека тоа би било многу интересно. Со мали ракавици од 4 унци, тоа би било добро за мене“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО