Џошуа: Тајсон Фјури е лажго

Ентони Џошуа ги сподели своите впечатоци за Тајсон Фјури и го нарече „лажго“.

Минатата година Фјури гласно објави дека ќе се приклучи на ММА и дека дури разговарал со Конор Мек Грегор за да му биде тренер.

Сепак, по победата на Мек Грегор над Доналд Цероне, стана јасно дека Ирецот ниту го познавал Фјури, ниту некогаш разговарал со него.

И сега, откако Фјури предвиде дека Вајлдер ќе го нокаутира Џошуа во две рунди, ЕЏ реши да ги коментира односите на Фјури и Мек Грегор.

„Ова е истата личност која предвидува дека Чарлс Мартин ќе ме победи, дека Џозеф Паркер ќе ме победи.

Првиот пат кога го слушнав, по вториот и третиот пат сфаќаш дека оваа личност е лажго.

Тајсон Фјури го прави она што најдобро го прави Тајсон Фјури.

Тој дури рече дека разговарал со Мек Грегор по телефон, но и тоа е лага.

Па, како можеме да веруваме и во еден збор од она што го рече?“

Тајсон Фјури се докажа во рингот и пак ќе се обиде да го направи тоа во неговата борба со Вајлдер во февруари, кога прикаските нема да му помогнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО