Јасин Лама не го помина Скогхејм на „Странџа“

Нашиот единствен боксер на силниот Меѓунарден турнир „Странџа“ во Софија, Бугарија, Јасин Лама (-63 кг) загуби со судиска одлука од норвешкиот репрезентативец Мартин Скогхејм.

Судиите му доделија едногласна победа на Скогхејм 5-0 (30-27, 29-28, 30-27, 30-27, 30-27).

Според известувањата од Софија, Лама добро се борел, на моменти бил подобар од  противникот.

На „Странџа“ учествуваат боксери од 34 држави во светот, 126 во машка конкуренција и 69 во женска.  

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО