Паркер го победи Чисора со поделена одлука на судиите, Кети Тејлор и Дмитри Бивол ги одбранија титулите

Џозеф Паркер (29-2) го победи Дерек Чисора (32-11) со поделена одлука на судиите на врвниот Мечрум во бокс настан во Манчестер и го освои појасот на ВБО Интерконтинентален шампион во тешка категорија.

Британскиот боксер брилијантно го отвори мечот и по само неколку секунди со одличен удар го испрати Паркер на подот. Судијата му бороеше на Новозеландецот кој се опорави и ја презеде контролата над борбата до крајот на првата рунда. Чисора продолжи агресивно и ја презеде втората рунда, обидувајќи уште неколку пати да го разниша Паркер.

Добро погоди со дирек, но боксерот од Нов Зеланд не дозволи повеќе да биде изненаден. Третата и четвртата рунда завршија нерешено, а потоа Џозеф стана уште поборбен.

Почна да постигнува погодоци во серија и неколкупати силно го удри Дерек во текот на петатао и шестата рунда. Како одминуваше мечот, Дел Бој стануваше сè позаморен, но продолжи да напаѓа. Чисора се држеше до тактиката, а Паркер, девет години помлад, ја крена агресивноста и ја презеде контролата.

Крајот на осмата рунда донесе фантастичен бокс кога двајцата разменија многу тешки удари, но ниту еден не заврши со нокдаун. На крајот од мечот Паркер изгледаше посвежо, а неговите удари полесно го погаѓаа Чисора.

Во последната рунда, Чисора започна силно и му создаде проблеми на противникот, но Паркер се извлече и го донесе мечот до крај. Двајца судии претпочитаа Паркер (116-111 и 115-113), а еден беше за Чисора (115-113).

Во борбата за титулата, Кејти Тејлор ја победи Наташа Џонас во неизвесен меч со едногласна одлука (96-95, 96-95, 96-94) и ги одбрани титулите ВБА, ВБЦ, ИБФ, ВБО и Ринг.

Дмитри Бивол ја одбрани титулата во полутешка категорија ВБА против Крег Ричардс. Рускиот борец со одлична тактика стигна до нова победа, а сите тројца судии беа едногласни (115-114, 115-113, 118-110).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON