Пантерот официјално ќе ја добие својата шанса против Волкановски на 8 јули

Јаир Родригез и Алекс Волкановски официјално на 8 јули ќе се борат за титулата на УФЦ во перо категорија. Веста ја потврдија и од федерацијата и од двајцата борци.

„Пантерот“ долго ја чекаше својата шанса, а по победата против Џош Емет во февруари го освои привремениот појас кој му гарантираше шампионска пресметка.

Родригез имаше долг пат на подеми и падови, но се чини дека сега е во животна форма, така што нема сомнеж што ќе ни пружат ова лето тој и Австралиецот со македонско потекло на УФЦ 290 во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО