Пакијао потпиша договор со Хејмон и отвори врата на реваншот со Мејведер

Мани Пакијао (60-7-2, 39 КО) по истекувањето на договорот со Топ ранг потпиша договор со промоторот Ал Хејмон.

Хејмон ја води Премиер бокс шампиони и е долгогодишен советник на Флојд Мејведер и овој потег на Филипинецот ја отвора вратата за реванш со Флојд Мејведер за кој веќе се зборуваше.

Во првата борба во 2015 година, која направи најголема заработувачка во историјата, Американецот славеше со едногласна одлука на судиите.

Пред реваншот постои можност Пакијао да се бори против Адриен Бронер во јануари следната година.

На почетокот на годината Филипецот ја раскина долгорочната соработка со тренерот Фреди Роуч и сега работи со најдобриот пријател Бубој Фернандез. Исто така ја прекина соработката и со долгогодишниот бизнис менаџер Мајкл Конч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО