Емил Павлов и Симона Заборска со по една победа го завршија настапот на Премиер лигата во Токио

Многу скромен настап на македонските каратисти во првиот ден на Карате 1 Премиер лигата во Токио – Јапонија, бидејќи извојуваа само две победи, односно го минаа првото коло без шанси во репасаж, тоа се Симона Заборска и Емил Палов.

Петар Заборски во категоријата до 75 килограми е поразен од Габор Харспартаки од Унгарија.

Да потсетиме дека на Карате 1 Премиер лигата настапуваат само оние што се рангирани во првите 100-мина на светската ранг листа на ВКФ.

Во Токио отпатуваа репрезентативците кои ќе настапат на Светското првенство во Мадрид, Шпанија, од 6 до 11 ноември.

Коефициентот на ова натпреварување е 6, така тие што ќе остварат добри резултати ќе имаа добро бодовно сладо за Олимписките игри во Токио 2020.

Во ова коло од Премиер лигата настапуваат 664 натпреварувачи од 70 држави.

Резултати
-55 кг – 55 натпреварувачи
Симона Заборска – Гизем Бугур (Германија) 1-0
Симона Заборска – Сара Јамада (Јапонија) 0-2

-60 кг – 42
Емил Павлов – Каисар Алписбај (Казахстан) 2-1
Емил Павлов – Фирдовси Фарзалијев (Азербејџан) 1-0

-75 кг – 51
Петар Заборски – Габор Харспартаки (Унгарија) 2-8

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО