Пакијао одржа концерт на кој ја лансираше својата крипто валута (ВИДЕО)

Мани Пакијао ја лансира својата криптовалута.

Овој потег го одбележа со бесплатен концерт во Манила во родните Филипини.

Светскиот шампион во осум тежински категории ги почести присутните со изведба на хитови како Ла Бамба и Ви ар д’чемпионс.

Пакијао, кој е и сенатор во матичната земја, ќе се обиде да заработи пари на токените „Пак“, кои на фановите ќе и дадат можност да ги купат неговите производи и да комуницираат со него на социјалните медиуми.

Знакот „Пак“ ќе го има на сингапурската берза Global Crypto Offering Exchange (GCOX), а како приватни инвеститори во неа се наведуваат Пакијао, поранешниот напаѓач на Ливерпул и Англија, Мајкл Овен и еден член на владејачкото семејство на Абу Даби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО