Пакијао: Никогаш не сум бил толку мотивиран за борба

Филипинската боксерска легенда Мани Пакијао пристигна во Австралија за борбата со Џеф Хорн и изјави: „Ќе си одам дома како светски шампион“.

„Пек Мен“ слета во Бризбејн доцна во саботата со својата екипа за битката за титулата на Светската боксерска организација (ВБО) во полусредна категорија, која ќе се одржи ледниот викенд на стадионот Санкорп.

„Во сите мои години во боксот никогаш не сум бил толку мотивиран и страствен како за овој меч“, изјави Пакијао на новинарите на аеродромот и додаде: „Мојот тим е многу задоволен од подготовките што ги направивме. Со нетрпение го очекувам тоа и ќе си одам дома како светски шампион“.

Пакијао (29-6-2, 38 КО) е очигледен фаворит против Хорн, иако филипинската гордост не го завршил својот противник предвреме уште од победата над Мигуел Кото со ТКО во 2009 година.

Светскиот шампион во осум категории изјави дека ќе го искористи овој меч за да докаже дека останува глобална сила дури и на 38-годишна возраст.

Пакијао кој за кратко се пензионира во почетокот на минатата година, направи успешно враќање во рингот во ноември против Џеси Варгас во Лас Вегас, ќе треба да биде на врвот на своите можности против непоразениот Џеф Хорн кој победи во 16 од 17 борби и има една нерешена борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО