Пакијао го откажа реваншот со Хорн

Светскиот шампион во осум тежински категории Мани Пакијао го откажа реваншот со Џеф Хорн.

38-годишниот Филипинец во јули во Бризбејн во судирот со домашниот боксер благодарение на судиите остана без титулата светски шампион на ВБО во велтер категорија.

Втората борба требаше да се одржи на 12 ноември, а Пакијао поради политичките обврски нема да може да влезе во рингот од тој датум.

Веста е потврдена од „Дуко ивентс“ кои заедно со Топ ранг го промовираат Хорн и објавија дека реваншот може да се одржи во 2018 година.

Тоа остава неколку опции за Хорн. Или ќе се бори со слаб противник со кој има големи шанси за победа или би можел да се бори против друг боксер од Топ ранг, Теренс Крафорд. 29-годишниот Американец неодамна стана неоспорен светски шампион во полувелтер и бидејќи имаат ист промотор во својата прва борба би можел да се бори за светската титула во велтер категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО